Кроасани полни нутела

Кроасани полни нутела

Направете вкусни кроасани со нутела, со фантастичен вкус и арома.

Состојки:

  • 500 мл. вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 10 гр. сув квасец
  • 100 мл. масло
  • 1 кг. брашно
  • 300 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Се разматува во 100 мл. топла вода квасец со шеќер и се остава да се активира, па се става брашно со сол во сад.
  2. Се става квасецот, водата која остана, и скоро цело масло, се остава лажица две за горе.
  3. Се меси тесто.
  4. Се премачкува со маслото кое остана и се прави топка која се остава со крпа да нарасне.
  5. Се премесува тстото и се вадат  8 големи или 16 помали топки, се развлекуваат и се става врз секоја маргарин рендан, па сепоклопува со друг круг.
  6. Пак малку маргарин, па трет круг и така до крај.
  7. Најгоре не се става ништо.
  8. Се става малку брашно горе, се стиска на средина тестото со оклагија, се поместува и лево и десно оклагијата, па се превртува за 180 степени тестото и пак се прави истото.
  9. Се развлекува кру и се сечат триаголници, се става на секој нутела и се прави кроасан.
  10. Се премачкуваат со јајце и се печат откако ќе отстојат 20 минути, на плех со хартија на 200 степени 20 минути.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус

 

 

singlepost_text