Брзи и неодоливи кокос мафини

Брзи и неодоливи кокос мафини

Неодоливи мафини со кокос, ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 1 јајце, благо разматено
  • 1/2 шолја млеко
  • 1/4 шолја масло
  • 1 лажичка есенција ванила
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1 шолја кокосово брашно
  • 1 1/2 шолја брашно

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени.

     

  2. Јајцето благо разматете го. Додајте млеко, масло и есенција ванила. Сѐ добро измешајте.

     

  3. Во смесата со јајцето додајте ги сите суви состојки и добро измешајте.

     

  4. Смесата ставете ја во намастен калап за мафини.

     

  5. Печете ги мафините во загреана рерна околу 25 минути. Печените колачиња оставете ги да се изладат па вадете ги од калапот и послужете.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text