Чили кон карне: Мексиканско јадење кое ќе ви го зачини денот

Чили кон карне: Мексиканско јадење кое ќе ви го зачини денот

Време е за нови вкусови…

Состојки за маринада:

  • 50 мл масло
  • 1 лажичка мед
  • 3-4 чешниња лук, сечкан
  • црвена пипер
  • црвена лута пиперка, сечкана
  • сол
  • бибер
  • оригано
  • сок од 1/2 лимон

Останати состојки:

  • 1/2 кг јунешко месо
  • 5-6 пиперки
  • 2 главици кромид
  • малку цимет
  • 200-300 гр излупени домати, исечкани на коцки
  • 100 гр зготвен црвен грав
  • масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Месото малку исчукајте го со чекан и премачкајте го со масло. Кременадлите малку запечете ги во тава на многу малку масло, да поруменат.

     

  2. Месото може да се исечка на коцки, а може и да се користат цели парчиња. Кромидот и пиперките исечкајте ги на крупно.

     

  3. Маринадата добро измешајте ја, па во неа ставете го месото и зеленчукот и измешајте. Можете уште малку да додадете масло и сол. Доматот оди од горе. Покријте со алуминиумска флија па печете на 190 степени околу еден час. Пред крај тргнете ја фолијата и додајте грав. Вратете во рерна и допечете.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text