Омлет со тиквици и бејби спанаќ: Доручек кој ќе ве наполни со енергија

Омлет со тиквици и бејби спанаќ: Доручек кој ќе ве наполни со енергија

Овој вкусен омлет ќе ви даде енергија за здрав почеток на денот.

Состојки:

  • 1 средна тиквица
  • 1 шолја бејби спанаќ
  • 4 јајца
  • морска сол
  • маслиново масло
  • пармезан

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте ги тиквиците во голема чинија, посолете ги и оставете ги да отстојат неколку минути. Исцедете ги тиквиците од вишок вода со раце и ставете ги во друга чинија, додајте јајца и убаво измешајте.

     

  2. Загрејте масло во тава и ставете ја смесата, во која потоа ќе додадете бејби спанаќ и измешајте. Кога омлетот ќе биде речиси готов, посипете со пармезан, за да се растопи.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text