Ролат од пилешко месо полнет со сирење и печурки

Ролат од пилешко месо полнет со сирење и печурки

Пилешко со печурки – вкусна комбинација..

Состојки:

  • 1 цело пиле
  • 200 гр свежи шампињони
  • 100 гр тврдо сирење
  • 1 поголема главица кромид
  • 3 лажици сув зачин
  • малку бибер
  • 1 лажица црвен пипер
  • малку масло
  • конец за врзување

Начин на подготовка:

  1. Издинстајте го кромидот со шампињоните на малку масло, и зачинете. Месото одвојте го од коски.

     

  2. Истанченото месо зачинете го со сув зачин, бибер и пипер.

     

  3. На целата површино ставете динстани шампињони и од горе наредете листови сирење.

     

  4. Внимателно свиткајте, врзете со конец, ставете во тепсија и прелијте со малку вода и масло.

     

  5. Печете околу 2 часа на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text