Карамелизирани кременадли: Вкусен ручек за целото семејство

Карамелизирани кременадли: Вкусен ручек за целото семејство

Подгответе вкусен ручек кој сите ќе го обожаваат!

Состојки:

  • 800 гр кременадли без коски
  • 4 лажици соја сос
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици пченкарен скроб
  • 1 лажичка кинеска мешавина од зачини
  • 2 лажици масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кременадлите ставете ги во чинија, прелијте со соја сос, добро измешајте, па оставете да отстојат 10 минути. Во меѓувреме соединете шеќер, пченкарен скроб, кинеска мешавина од зачини и по половина лажичка сол и бибер, па со добиената смеса истријте ги кременадлите.

     

  2. Во тава загрејте масло, па на силен оган пржете го месото по две минути од секоја страна. Потоа намалете го огнот и пржете уште десетина минути, со повремено вртење. Послужете ги кременадлите топли со печени компири и салата по избор.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт