Вкусен ручек или прилог – тиквички на грчки начин од рерна.
Состојки:
- 2 тиквички
- 3 лажици брашно
- 2 јајца
- 150 гр. презла
- 50 гр. пармезан
- 3-4 лажици маслоново масло
- вегета, сол и бибер
Подготовка:
- Се мијат и лупат тиквичките, се сечат на парчиња и се сушат.
- Се става брашно во кесе, па тиквичките внатре.
- Се протресува убаво да се залепи брашното.
- Се матат две јајца, се става презла во чинија и вегета, сол и бибер во неа.
- Се става хартија на плех за печење, се вадат и редат тиквичките претводно извалкани во јајце па презла со зачини.
- Се става горе маслиново масло и пармезан и се печат на 170 степени на загреана рерна, 30 минути.
Повеќе вести на Готви.мк:Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбициПохован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт