Посебни тестенини – Две состојки менуваат се

Посебни тестенини – Две состојки менуваат се

Направете вкусен ручек со тестенини, со грашок и лук.

Состојки:

  • 500 гр. тестенини по желба
  • 100 гр. грашок
  • 100 мл. вода
  • 4 чешни лук
  • 50 гр. путер
  • 1 коцка за супа
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Се пржи на маслиновото масло ситно сечениот лук, се става грашок и се динста 5 минути.
  2. Се става вода и коцка за супа и се вари се 30 минути со зачини.
  3. Се става путер и се трга на страна.
  4. Се варат тестенините и се цедат, па се ставаат во грашок.