Похован кашкавал без пржење – Нема маснотија во него

Похован кашкавал без пржење – Нема маснотија во него

Направете деликатес кој го обожаваме во кафеаните.

Похован кашкавал, но овој пат без пржење.

Состојки:

  • 200 гр. кашкавал
  • 1 лажица брашно
  • 1 јајце
  • 1 шолја корнфлекс

Подготовка:

  1. Се сече кашкавалот.
  2. Се мати јајцето со малку сол.
  3. Се валкаат парчињата кашкавал во брашно, па во јајце, оа се лепи на парчињата корнфлекс искршен ситно, но не преситно.
  4. Се реди во сад со хартија и се пече на 200 степени додека не порумени.