Оригинален рецепт за баварско печиво – научете како да го направите

Оригинален рецепт за баварско печиво – научете како да го направите

Доколку сте љубители на баварско печиво, не морате веќе во пекара – направете го сами дома.

Состојки:

  • 800 гр брашно
  • 200 мл топло млеко
  • 200 мл топла вода
  • 1 квасец
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 3-4 лажички сода бикарбона
  • 50 мл масло
  • 1-2 л вода

Начин на подготовка:

  1. Квасецот активирајте го па соединете го со брашно, додајте сол, млеко и вода па почнете со мешање. Замесете глатко тесто. Вратете го во садот за мешање, покријте со фолија и почекајте еден час да нарасне.

     

  2. Потоа тестото премесете го, исечете кори, развлечете и правете печиво.

     

  3. Во два литра врела вода ставете сода бикарбона и на минута до две ставајте ги печивата. После тој процес ставете во плех, посипете со сусам по желба и печете 25-30 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text