Торта од готови медени кори – се прави за 15 минути

Торта од готови медени кори – се прави за 15 минути

Брз рецепт за неодолива торта…

Состојки:

  • готови медени кори за торта
  • 7 јајца
  • 50 гр шеќер
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 250 гр маргарин или путер
  • 300 гр бел шлаг крем
  • 300 гр кисела вода
  • 150 гр чоколадо за готвење за глазура

Начин на подготовка:

  1. Малку разматете ги јајцата и шеќерот, па гответе на пареа, пред крај додајте чоколадо, па оставете филот да се излади. Во изладениот фил разматете маргарин.

     

  2. Разматете шлаг со ладна кисела вода.

     

  3. Поделете го чоколадниот фил на три дела, истото направете го и со шлагот. Филувајте кора, чоколаден фил, шлаг и така додека не ги потрошите состојките.

     

  4. Тортата премачкајте ја со чоколадна глазура. Декорирајте по желба.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт