Шпанска пита на поинаков начин – со додаток гриз

Шпанска пита на поинаков начин – со додаток гриз

Вкусен рецепт за доручек или вечера.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 150 гр сирење
  • 100 гр кисела павлака
  • 100 мл масло
  • 40 мл кисела вода или јогурт
  • 100 гр брашно
  • 30 гр гриз
  • 50 гр пченкарно брашно
  • 200 гр шунка
  • 50 гр кисели краставички
  • малку маслинки
  • малку кашкавал и сусам
  • 1 кисела црвена пиперка

Начин на подготовка:

  1. Во вангла разматете јајца. Додајте павлака, брашно и гриз со прашок за печиво.

     

  2. Ставете пченкарно брашно, масло, кисела вода, сечкана шунка, краставички и сечкани маслинки. Добро изедначете и ставете во намастен плех. Од горе издробете сирење и малку притиснете го со прсти надолу. Изрендајте малку кашкавал и посипете со сусам.

     

  3. Печете на 200 степени околу 45 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт