Салата со јаболка и пилешко

Салата со јаболка и пилешко

Необична салата, фантастичен вкус…

Состојки:

  • 350 гр пилешко филе
  • 2 стебла целер
  • 2 парчиња млад кромид
  • 2 мали јаболка
  • 3 лажици исечкани ореви
  • 3 лажици брусница
  • 1/4 шолја мајонез
  • 1/4 шолја јогурт
  • сок од 1/2 лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото обварете го во врела вода, па изладете го, исечкајте и ставете во сад. Додајте јаболка исечкани на коцки, исечкан целер, млад кромид, ореви, брусница, па измешајте.

     

  2. Во помал сад соединете мајонез, јогурт, свежо исцеден сок од лимон, малку сол и бибер, прелијте ја салатата, добро измешајте, па послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text