Ќофтиња со прелив од јогурт – одличен предлог за ручек

Ќофтиња со прелив од јогурт – одличен предлог за ручек

Вкусен ручек, брза подготовка…

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 2 јајца
  • 100 гр презла
  • кора од 1/2 лимон
  • сечкан магдонос
  • сол
  • бибер
  • 150 мл бело вино
  • 1 чаша јогурт
  • 2 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. Меленото месо измешајте го со презла, јајца, сок од лимон, сечкан магдонос, посолете и побиберете по желба и обликувајте ќофтиња.

     

  2. 150 мл бело вино ставете во лонец и оставете го да зоврие. Кога ќе зоврие додајте ги претходно направените ќофтиња. Гответе ги 20 минути и извадте ги. Измешајте брашно и јогурт, додајте во лонецот и повторно нека зоврие. Ќофтињата прелијте ги со овој сос и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт