Солени обланди – Појадок, мезе или ручек

Солени обланди – Појадок, мезе или ручек

Направете солени обланди за појадок, мезе или ручек.

Состојки:

  • 1 пакување обланди
  • 1 кг. сирење
  • 200 гр. шунка
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • сол

Подготовка:

  1. Сирењето ставете го во длабок сад и иситнете го, додадете ја ситно сечената шунка и ситно сечените пиперки на коцки.
  2. Додадете сол и измешајте убаво.
  3. Со оваа смеса премачкајте ги обландите, од рапавата страна.
  4. Постедната обланда  оставете ја без фил.
  5. Покријте ги со крпа и оставете ги да се залепат една на друга обландите.
  6. Нека стојат 30 минути на ладно, па исечете и послужете.

Сервирајте и уживајте во долгите и забавни муабети 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус

singlepost_text