Ледена напивка од бело чоколадо

Ледена напивка од бело чоколадо

Освежувачка ароматична напивка…

Состојки:

  • 800 мл кокосово млеко
  • 200 гр бело чоколадо
  • 3 лажици шеќер
  • прстофат цимет
  • шлаг или слатка павлака за украсување
  • екстракт од ванила
  • екстракт од нане

Начин на подготовка:

  1. Во тава загрејте млеко и шеќер, па во таа смеса растопете бело чоколадо.

     

  2. Со непрекинато мешање, додајте цимет, екстракт од ванила и нане.

     

  3. Добро изладете, украсете со шлаг или разматена слатка павлака, па послужете со омилените колачи.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text