Рафаело колач полн кокос – Коцки за секој ден и за прослави

Рафаело колач полн кокос – Коцки за секој ден и за прослави

Направете вкусен рафаело колач, подобар од се што сте пробале до сега.

Состојки:

  • 10 јајца
  • 275 гр. шеќер
  • 190 гр. брашно
  • 200 гр. кокос
  • 800 мл. млеко
  • 1/4 лимон
  • 1/2 лажички прашок за пециво
  • 30 гр. ванилин шеќер
  • 250 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер во прав
  • масло

Подготовка:

  1. За кора се матат пет белки со 200 грама шеќер на силна брзина, па се намалува брзината кога ќе се соедини, се става 100 грама брашно со 150 грама кокос и сок од пола лимон, па се става пола прашок за пециво и се мати со миксер.
  2. Се става во плех премачкан со масло и се пече 15 минути на 180 степени.
  3. КОга ќе се испече се прелива со 300 милилитри врело млеко кората.
  4. Се матат за крем 5 жолчки со 75 грама шеќер и со 90 грама брашно и 30 грама ванила, се меша и се става полека 500 милилитри млеко.
  5. Се вари се заедно и се става потоа маргарин во оладениот фил со шеќер во прав.
  6. Се премачкува кората и горе се става кокос.
  7. Се лади и сече.

Прочитај и:

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

singlepost_text