Колач со јаболки од калап за куглоф

Колач со јаболки од калап за куглоф

Направете многу брз колач со јаболки од калап за куглоф.

Состојки:

  • 4 јаболки
  • 4 јајца
  • 2 шолји шеќер
  • 2 шолји сеено брашно
  • 1 шолја масло
  • 2 кесе прашок за пециво
  • 1 кесе ванила
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче сода

Подготовка:

  1. Се лупат и рендаат јаболките и се додава сода со цимет.
  2. Се мешаат и се оставаат на страна.
  3. Се матат јајца со миксер, се става шеќер, па масло кога шеќерот ќе се растопи.
  4. Се става потоа брашното со прашок за пециво и ванила, се ставаат лупени и рендани јаболки исцедени од сеокот и се мати со миксер.
  5. Се става малку масло во калап за куглоф и се става смесата.
  6. Се пече на загреана рерна на 180 степени 40 минути без вентилатор, а горе ставете си декорација по избор.

Прочитај и:

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

singlepost_text