Пита со прелив – Крцка од надвор, мека и полна сирење внатре

Пита со прелив – Крцка од надвор, мека и полна сирење внатре

Направете вкусна пита со вкусен прелив со кој кората крцка, а внатре е како душа.

Состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 3 јајца
  • 250 мл. лимонада
  • 1 лажица сол
  • 10 гр. квасец
  • 500 гр. сирење
  • 250 гр. маргарин
  • 200 мл. млеко
  • 3 јајца
  • 30 гр. шеќер

Подготовка:

  1. Се меша квасецот со вода, се додава маргарин, сол и јајца, брашно и лимонада.
  2. Се сее брашното секогаш за да се збогати со воздух.
  3. Се меси тесто и се дели на пет дела.
  4. Се остава да нарасне околу 30 минути.
  5. Се покрива со влажна крпа да не фати кора.
  6. Се развлекуваат пет кори и се премачкуваат со маргарин, се става ронето сирење и се прави ролат.
  7. Се ставаат во претходно намастен плех.
  8. Се пече на загреана рерна на 180-200 степени околу 15 минути.
  9. Се вади и се става прелив од јајца со млеко и шеќер и се пече уште 25 минути.
  10. Се сече додека е топла.

singlepost_text