Деликатес: Пилешко со кашкавал и презла

Деликатес: Пилешко со кашкавал и презла

Направете вкусен ручек со пилешко и кашкавал.

Состојки:

  • 500 гр. пилешко месо
  • 500 гр. компири
  • 100 гр. маргарин
  • 100 гр. презла
  • 150 гр. кашкавал
  • масло и зачини

Подготовка:

  1. Се лупи компирот, се сече на кругови, се ставаат зачини и се става во плех со масло.
  2. Се сече ситно месото или се цепка и се става во растопен маргарин па презла и се реди врз компирот.
  3. Се става рендан кашкавал и се пече на загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Брзи традиционални бомбици

Бомбици од пченица

Чоколадни топчиња што се топат во уста

Пченична каша

 

 

singlepost_text