Торта со чоколадо

Торта со чоколадо

Направете совршена чоколадна торта.

Состојки:

  • 150 гр. црно чоколадо
  • 200 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 4 јајца
  • 1 прстофат сол 
  • 200 гр. чоколадо
  • 400 гр. павлака за готвење
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици рум

Подготовка:

  1. Се топи чоколадото на пареа, се мати маргарин со шеќерот, се додаваат четири жолчки едно по друго и се става оладеното чоколадо, па постепено брашното.
  2. Се матат белките со прстофат сол о се додаваат во чоколадото.
  3. Се става смесата во калап за торта на 180 степени 40 минути.
  4. Се загрева павлаката на оган и се додаваат парчиња чоколадо, се топи и остава два часа во ладилник.
  5. Се мати со миксер во крем и се става рум.
  6. Кората се сече на два дела, се полнат со кремот и се поклопува, па горе се премачкува со останатиот фил.

 

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text