Пред да се офарба првото јајце домаќинката се прекрстува – Значењето на Велики четврток

Пред да се офарба првото јајце домаќинката се прекрстува – Значењето на Велики четврток

Велики четврток е денот во најтешката, последна недела пред велигден, најголемиот празник во Христијанството.

На овој ден се вапцаат јајца, а домаќинките рано стануваат за да имаат офарбани Велигденски јајца.

Иако има различни техники и бои за вапцање, за шарена Велигденска кошница, сепак се фарбаат прво црвени традиционални јајца.

Бојадисаните јајца најчесто се ставаат во кошница со слама, која наликува на гнездо, а обичај е секој да добие јајце од семејството.

Првите бојосани јајца биле наменети за куќата, за Господ и по едно за секој член од семејството. Се верувало дека токму првобојадисаното јајце има голема заштитна моќ, па затоа било за заштита, за подобар род на полињата го закопувале во земја на лозјето или во нивата.

Пред да се офарба првото јајце домаќинката се прекрстува.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text