Цел дом ќе мириса: Мек домашен леб

Цел дом ќе мириса: Мек домашен леб

Направете домашен и вкусен, мек леб.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 50 мл. масло
  • 1 кесе квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 500 мл. течност(пола млеко, пола вода)
  • 600 гр. брашно бело
  • 150 гр. ‘ржано брашно

Подготовка:

  1. Се загреваат млекото и водата и се става малку од млаката течност во шолја, со квасец, шеќер и лажица брашно.
  2. Се матат јајца со сол и масло.
  3. Се додаваат на квасецот, па се става се во млекото и водата, се става постепено со мешање и брашното, а тестото треба да е меко.
  4. Се остава со крпа да нарасне двојно.
  5. Се премесува и се прави леб, се става на плех за печење со хартија и се пече на 200 степени на претходно загреана рерна, 30-45 минути.
  6. Горе може да си ставите и сусам, семки…по избор.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text