Направете брзи и вкусни триаголници со слатка павлака и чоколадо.
Состојки:
- 200 мл. слатка павлака
- 200 гр. чоколадо
- 50 гр. путер
- 150 гр. кршени бисквити со вкус на какао
- 50 гр. сечени ореви
- 50 гр. бисквити
Подготовка:
- Се става во сад слатка павлака со чоколадо и путер, да се стопи на ога, и внимавајте не смее да врие.
- Се трга и се додаваат кршени бисквити со какао, сечени ореви и мелени бисквити.
- Се меша и се става во калап со фолија.
- Се стега во ладилник и се служи, па се сече на триаголници.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек
Сок од домати – витамини и супер вкус