Бела торта со џем и пуслици

Бела торта со џем и пуслици

Направете вкусна и бела торта со пуслици, омилениот десерт од детството.

Состојки:

  • 1 ½ шолји брашно
  • 100 гр. маргарин
  • 2 шолји шеќер
  • 4 јајца
  • ½ шолји млеко
  • 200 гр. готови пуслици
  • 1 шолја џем од кајсии
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1 кесе ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Се мати пенасто шеќерот со маргарин, се додаваат едно по едно жолчките, млеко и ванилин шеќер и се меша се заедно.
  2. Се сее брашното со прашок за пециво и се додава, па се дели тестото на два дела.
  3. Се развлекува кора од двата дела и двете кори се печат на 180 степени околу 25 минути.
  4. Се премачкува една со џем, па горе се става изматениот шлаг од белки.
  5. Се ставаат пуслици, па уште малку шлаг.
  6. Се става другата кора, џем на неа, шлаг и останатите пуслици.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text