Посно брауни – Нема да вклучите ни миксер

Посно брауни – Нема да вклучите ни миксер

Направете посен брауни колач.

Состојки:

  • 3 шолји брашно
  • 1 лажиче сода
  • 6 лажици какао
  • 1 прстофат сол
  • 2 шолји шеќер
  • 3 лажици оцет
  • ¾ шолји масло
  • 2 шолји ладна вода
  • 2 кеси ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Се мешаат сите суви состојки во чинија, брашно со шеќер и сода, какао и сол, па се додава на таа смеса масло со оцет, ванила и вода.
  2. Се меша со жица или лажица, не ви треба миксер.
  3. Се става хартија на плех за печење и се става смесата, се пече на загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути.
  4. Горе по желба прелијте со чоколадо, ставете си кокос или нешто по ваш избор.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

 

singlepost_text