Вкусен ручек без месо…
Состојки:
- 1 кг компири
- сол
- бибер
- 2 јајца
- 200 мл павлака за готвење
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки листови, намастете ги со маслиново масло и посолете ги, па наредете ги во сад за печење. Оставете ги да се печат на 180-200 степени околу 20 минути.
- За тоа време подгответе прелив така што ќе измешате јајца и павлака за готвење. Преливот посолете го и побиберете го. Компирите прелијте ги со јајца и павлака па печете уште 15 минути на 200 степени.
- По желба, во состојките можете да додадете лук и изрендано сирење.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи