Сите сакаме брз и вкусен десерт, а овој е и исплатлив.
Состојки:
- 1 крем од ванила
- 1 крем од чоколадо
- 900 мл. свежо млеко
- 4 пакувања бисквити
Подготовка:
- Се матат двата вида крем во одвоени садови, со по 400 милилитри млеко.
- Се мати на почеток на мала брзина, па се зголемува по 3 минути.
- Се ставаат во друг сад 100 милилитри млеко кои останаа, па се ставаат бисквитите малку да се натопат.
- Се става на дно на сад малку крем од ванила, па бисквити(1 пакување), па чоколаден крем горе. Се прави вака додека има бисквити и фил, но треба да завршиме со фил.
- Се декорира со рендано чоколадо, бонбони, шлаг…по избор.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек
Сок од домати – витамини и супер вкус
Слатка зимница: Домашен сок од крушки
Чаша на ден и ќе бидете здрави како дрен