Посна домашна бајадера – се топи во уста

Посна домашна бајадера – се топи во уста

Фантастичен десерт за сите генерации, домашна бајадера…

Состојки:

  • 600 гр шеќер
  • 350 гр посни мелени бисквити
  • 350 гр мелени ореви
  • маргарин
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 2 дл вода
  • 200 гр чоколадо за глазура
  • 2 лажици масло за глазура
  • малку вода за глазура

Начин на подготовка:

  1. Зовријте вода и шеќер, додајте маргарин, а кога ќе се растопи тргнете од рингла. Додајте бисквити и ореви и добро измешајте.

     

  2. Масата поделете ја на два дела и во еден додајте 100 гр чоколадо. Во плехот прво ставете ја смесата со чоколадо, а преку другиот дел.

     

  3. Растопете на оган чоколадо со масло и малку вода, па добиената глазура прелијте ја преку бајадерата.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт