Мириса како во пекара: Погачи со сусам готови за 15 минути

Мириса како во пекара: Погачи со сусам готови за 15 минути

Направете вкусни погачи кои се топат во уста, со сусам, совршени за појадок или ужина, па и вечера.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 180 мл. топло млеко
  • 2 јајца
  • 60 мл. топла вода
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажички квасец сув
  • 50 гр. маргарин растопен
  • 1 жолчка со две лажици млеко

Подготовка:

  1. Се меша во сад брашно со шеќер, сол и квасец. Се додава млеко.
  2. Се става вода со маргарин кој треба д ае омекнат, со јајца и се меси тесто.
  3. Се остава со фолија на собна температура половина час.
  4. Се става на површина со брашно и се премесува, па се расукува и се дели по должина.
  5. Се дели на пет делови и од секој се прават топчиња.
  6. Се редат на плех со хартија и се премачкуваат со жолчка со млеко и се става сусам.
  7. Се печат на загреана рерна на 200 степени 15-20 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт