Ѓеврекот е печиво облик на прстен прекриено со сусам. Прво се вари, а потоа се пече, и поради начинот на изработка ѓеврекот го има тој специфичен вкус.
Состојки:
- 1/2 л вода
- 3 лажички сол
- 2 дл масло
- мал квасец
- 1 кг брашно
Начин на подготовка:
- Замесете тесто така што ќе ги измешате сите состојки. Оставете да нарасне, уште еднаш премесете, па обликувајте ѓевреци. Потоа гответе ги во врела вода додека не избијат на површина.
- Варените ѓевреци редете ги на плех, премачкајте ги со јајце и посипете со сусам, па печете во претходно загреана рерна на 200 степени, додека не добијат боја.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи