Мекици со јогурт – Тестото трае 7 дена во ладилник

Мекици со јогурт – Тестото трае 7 дена во ладилник

Направете брзи и вкусни мекици со јогурт, за супер старт на денот.

Совршени и за пред работа и за викенд.

Состојки:

  • 500 мл. млеко
  • 1 квасец
  • 1 пециво
  • 4 јајца
  • 1 лажица сол
  • 200 мл. јогурт
  • 1 кг. брашно

Подготовка:

  1. Се става брашното со јајца и со пециво и јогурт, па сол и млеко со квасец да се замеси тесто.
  2. Се меси и става во вангла премачкана со масло.
  3. Се става горе фолија и се остава во ладилник.
  4. Кога ќе сакате да пржите, се вади, се прават мекици со рацете и се пржат на врело масло.
  5. Во ладилник тестото стои до 7 дена.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт