Посни шницли во сос од печурки

Посни шницли во сос од печурки

Послужете со сезонска салата и уживајте во сочниот посен ручек.

Состојки:

  • 1 шолја ориз
  • 2+2 лажици брашно
  • бибер
  • сол
  • масло
  • 2 лажици суви печурки

Начин на подготовка:

  1. Оризот исчистете го, измијте го, згответе го, изладете и измешајте со една полна лажица брашно. Додајте малку бибер и сол, па од добиената маса правете шницли и секоја извалкајте ја во брашно (од прилика 2 лажици).

     

  2. Во тенџере ставете масло, добро загрејте, па пржете ги шницлите.

     

  3. За сосот, измијте и згответе печурки во солена вода. Исечкајте ги на тенки резанки, малку пропржете ги на масло, па додајте лажица брашно и посолете по вкус.

     

  4. Шницлите од ориз наредете ги на чинија па прелијте ги со сос од печурки.

     

  5. Послужете со сезонска салата и уживајте во сочниот посен ручек.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт