Посно: Крцкав и сочен похован карфиол

Посно: Крцкав и сочен похован карфиол

Одличен рецепт за похован карфиол.

Состојки:

  • 1 главица млад карфиол
  • 40-50 гр презла
  • масло
  • 200 гр брашно
  • сол
  • сув зачин
  • 1/4 кесичка прашок за печиво
  • 1/4 л кисела вода

Начин на подготовка:

  1. Обварете главица карфиол со малку сув зачин.

     

  2. Во брашното додајте сув зачин, сол, прашок за печиво, кисела вода и направете смеса како за палачинки.

     

  3. Ставете доста масло во тенџере и кога добро ќе се загреее во него спуштајте цветови од варен карфиол кои претходно сте ги потопиле во брашно измешано со сол, потоа во масата за поховање, па во презла.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт