Брз доручек: Проја со сирење и тиквици

Брз доручек: Проја со сирење и тиквици

Започнете го денот со здрав оброк.

Состојки:

  • 1 средна тиквица
  • 200 гр сирење
  • 80 гр пченкарен гриз
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 јајца
  • малку прашок за печиво
  • малку кисела вода

Начин на подготовка:

  1. Измешајте гриз, маслиново масло, јајца и прашок за печиво. Додајте малку кисела вода, ако смесата е премногу густа.

     

  2. Изрендајте ја тиквицата, а сирењето издробете го, па додајте во смесата и измешајте уште еднаш. Излејте во плех и печете 40 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт