Без шеќер: Неодоливи банана колачиња

Без шеќер: Неодоливи банана колачиња

Едноставни банана колачиња без шеќер.

Состојки:

  • 4 зрели банани (изгмечени со вилушка)
  • 170 мл грчки јогурт
  • малку екстракт од ванила
  • 125 гр брашно
  • 120 гр брашно од цело зрно пченица
  • 1 јајце + 1 белка
  • 4 лажици испасирано суво грозје
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • малку цимет
  • оревче
  • 50 гр сечкани ореви

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. 
  2. Измешајте ги влажните состојки (банани, јајца, екстракт од ванила, грчки јогурт, суво грозје), а потоа посебно и сите суви состојки (брашно, сода бикарбона, сол, цимет, оревче, ореви). 
  3. Соединете ги сувите и влажните состојки и добро измешајте. Смесата ставете ја во мали калапи и печете околу 25 минути на 180 степени.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text