Колач со лимон и суво грозје

Колач со лимон и суво грозје

Направете вкусен и мек колач со лимон и суво грозје.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 1 кора од лимон рендана
  • 100 мл. масло
  • 200 гр. кисело млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 100 гр. брашно
  • 200 гр. гриз
  • 150 гр. суво грозје
  • за горе шеќер во прав

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќер и ванилин шеќер, изрендана кора од лимон и кисело млеко со масло.
  2. Се меша брашното со прашок за пециво и гриз и суво грозје.
  3. Се додаваат во смесата со јајцата.
  4. Се става во калап смесата со хартија за печење.
  5. Се става на загреана рерна на 200 степени и се пече 30 минути.
  6. Горе потоа се става шеќер во прав.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text