Макарони во рерна со павлака и кашкавал

Макарони во рерна со павлака и кашкавал

Направете вкусни макарони од рерна со сирење и павлака.

Состојки:

  • 250 гр. макарони
  • 250 гр. моркови
  • 100 мл. павлака за готвење
  • 50 гр. крем сирење
  • 150 гр. кашкавал
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Се варат макароните во солена вода и се цедат убаво.
  2. Се лупат морковите и се варат исечени на парчиња.
  3. Се ставаат во блендер со павлаката, а ако немате блендер користете миксер.
  4. Се ренда пола кашкавал и се додава со крем сирењето во смесата, се ставаат зачини и се меша.
  5. Се ставаат макароните во подмачкан плех и се става горе смесата, па уште пола рендан кашкавал.
  6. Се печат на 200 степени додека поруменат.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Брзи традиционални бомбици

Бомбици од пченица

Чоколадни топчиња што се топат во уста

Пченична каша

singlepost_text