Богат со витамини: Еве како да направите посен пилав од само неколку намирници

Богат со витамини: Еве како да направите посен пилав од само неколку намирници

Ќе уживате во секој залак!

Состојки:

  • 200 гр ориз
  • 300 гр спанаќ
  • 2 моркови
  • 1 голем компир
  • 2 црвени пиперки од тегла
  • 4 чешниња лук
  • 1 мал праз
  • масло
  • сол
  • бибер
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан праз. Спанаќот добро измијте го и исчистете го. Обварете неколку минути, па исцедете и исечкајте. Ставете во празот. Додајте сечкан лук, сол, зачин, бибер и се измешајте.

     

  2. Оризот обварете го околу 15 минути водата да зоврие. Посолете, побиберете и додајте 3 лажици спанаќ и измешајте.

     

  3. Морковите исчистете ги и исечкајте ги. Пиперките од тегла малку измијте ги во ладна вода. Компирите исечкајте ги на листови.

     

  4. Намастете ѓувеч и на дното ставете половина од компирите на листови. На компирите ставете дел од оризот, потоа пиперки, спанаќ, морков, спанаќ, ориз и, на крај, листови компир. Посолете и намастете.

     

  5. Печете на 220 степени околу 40-45 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text