Мусака од рендан компир за ручек

Мусака од рендан компир за ручек

Вкусен ручек од компири и мелено месо.

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • 200 гр кромид
  • 1 кг компири
  • 2 јајца
  • 1 чаша кисела павлака Пекабела
  • 3 дл млеко
  • 1 дл масло
  • малку сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечканиот кромид пропржете го на масло. Додајте мелено месо и динстајте додека не испари водата. Тавата тргнете ја од оган, додајте сол и бибер и добро измешајте.

     

  2. Компирите исчистете ги, измијте ги и изрендајте ги. Додајте месо и добро измешајте. Смесата ставете ја во намастена тепсија. Разматете ги јајцата, млекото и павлаката и рамномерно прелијте по компирите и месото. Мусаката се пече на 200 степени околу половина час, додека компирите не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text