Печени компири полнети праз и печурки

Печени компири полнети праз и печурки

Направете печен компир со фил од праз и од печурки.

Состојки:

  • 5 големи компири (варени)
  • 200 гр. печурки
  • 1 праз
  • 4 лажици масло
  • 1 лажица сенф
  • 100 гр. кашкавал и зачини по избор.

Подготовка:

  1. Се лупи варениот компир и се сече на две половини, се прави блага вдлабнатина во секоја половина.
  2. Се загрева масло на тава, се става сечен праз, печурки, сол, бибер и зачини по избор, па се пржи.
  3. Се трга потоа смесата од оган и се става сенф, делот од компирот од средината кој го длабевме и се полнат компирите.
  4. Се ставаат во плех со масло и се печат на 200 степени додека не поруменат, а пред крај се става горе кашкавал и се допекуваат да се стопи.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text