Стар рецепт за бајадера: Кралица меѓу колачите

Стар рецепт за бајадера: Кралица меѓу колачите

Одличен рецепт за неодолива бајадера…

Состојки:

  • 500 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • 200 гр мелени бисквити
  • 150 гр мелени ореви
  • 125 гр маргарин
  • 3 реда чоколадо
  • чоколадо за глазура
  • малку маргарин или масло за глазура

Начин на подготовка:

  1. Ставете шеќер и вода малку да зоврие, тргнете од оган и оставете 5 минути да се излади. Бисквитите и оревите измешајте ги, прелијте ги со шпинован шеќер и додека е така врело додајте маргарин и добро соединете.

     

  2. Смесата поделете ја на два дела. Еден дел останува каков што е. Во другиот дел од смесата додајте растопено чоколадо.

     

  3. Направете еднакви правоаголници од двата дела и ставете го светлиот преку темниот дел додека смесата е уште топла. Добро притиснете и оставете да се излади, па прелијте со глазура.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text