Направете бурек со прелив, каков што не сте јаделе до сега.
Состојки:
- 250 гр. кори за пита
- 200 гр. сирење
- 2 јајца
- 6 лажици кисело млеко полни
- 7 лажици масло
- 40 гр. маргарин
- 2 јајца
- 180 мл. млеко
- 1 прстофат сол
Подготовка:
- Се загрева рерна на 150 степени.
- Се матат две јајца со кисело млеко и масло, изрендано сирење.
- Се премачкува една кора со маргарин, па се става втора кора, се става фил и се мота ролна.
- Така со сите кори кои се редат на плех со хартија и малку маргарин.
- Се матат две јајца со млеко и сол и се прелива бурекот.
- Се чека да впие околу 10 минути и се става во рерна.
- Се пече 15 минути на 150 степени, а пред крај на 180 за златна кора.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек
Сок од домати – витамини и супер вкус