Торта со кафе која секој може да ја направи

Торта со кафе која секој може да ја направи

Направете брза и вкусна торта со кафе.

Состојки:

  • 2 шолји брашно
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 2 лажички сода
  • ¾ шолји какао
  • 2 шолји шеќер
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја варено кафе
  • 1 шолја млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажиче екстракт ванила

Плус:

  • 1 шолја млеко
  • 115 гр. путер
  • 5 лажици брашно
  • 115 гр. маргарин
  • 1 шолја шеќер

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 160 степени, се сеат во сад сите суви состојки, се додава масло, кафе, млеко, па се мати се заедно една минута.
  2. Се додаваат јајца и ванила и се мати уште две минути.
  3. Се дели смесата која ќе ви изгледа мала, на два дела, се става во два плеха со малку масло и се печат корите 25-30 минути.
  4. Се ладат потоа.
  5. Се матат путер и маргарин, шеќер и ванила и се додава млеко, па се мати 10 минути.
  6. Се ставаат корите на тацна, прво една кора па фил, па друга кора па фил.
  7. Се става по желба какао горе.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Смути со лубеница

Смути за старт на денот

За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек

Неодолив сок од јаболка

Сок од домати – витамини и супер вкус

Слатка зимница: Домашен сок од крушки

Чаша на ден и ќе бидете здрави како дрен

 

 

 

singlepost_text