Пита со спанаќ, кисела вода и кисело млеко – Нема месење и мака

Пита со спанаќ, кисела вода и кисело млеко – Нема месење и мака

Направете вкусна пита со спанаќ и кисела вода.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 300 гр. сирење
  • 3 лажици кисело млеко
  • 1 лажиче сол
  • 125 гр. маргарин
  • 125 гр. масло
  • 350 гр. спанаќ
  • 1 пакување кори за пита
  • 300 мл. кисела вода

Подготовка:

  1. Се мешаат 4 јајца со сол и сирење и кисело млеко.
  2. Се мие, цеди и цепка ситно спанаќот и се додава.
  3. Се мешаат масло со маргарин и се ставаат на оган.
  4. Се редат кори за пита во плех така што се ставаат две кори,па се премачкуваат со маслото, па фил, 2 кори, масло, фил додека има, па се завршува со кора.
  5. Се сече на парчиња питата и се прелива со останатата маснотија.
  6. Се мати петото јајце со 300 милилитри кисела вода и се прелива.
  7. Се пече на загреана рерна питата на 200 степени додека не порумени убаво.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Смути со лубеница

Смути за старт на денот

За диета здраво срце и висок притисок – една шолја е лек

Неодолив сок од јаболка

Сок од домати – витамини и супер вкус

Слатка зимница: Домашен сок од крушки

Чаша на ден и ќе бидете здрави како дрен

singlepost_text