Оригинален рецепт за тесто за пица

Оригинален рецепт за тесто за пица

Одличен рецепт за совршена италијанска пица…

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 30 гр квасец
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 дл масло
  • млака вода за мешање

Начин на подготовка:

  1. Квасецот разматете го со шеќер во малку млака вода, додајте лажица брашно и шеќер и оставете да надојде. Измешајте брашно и сол, а потоа додајте квасец и масло.

     

  2. Замесете тесто со помош на млака вода. Тестото е спремно кога не се лепи, но не треба да биде и премногу суво.

     

  3. Доколку ви остане тесто, можете да го замрзнете, па така ќе имате домашна подлога за пица кога и да ви затреба.

 

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text