Хранлив и вкусен доручек: Омлет мафини

Хранлив и вкусен доручек: Омлет мафини

Идеален рецепт за здрав почеток на денот…

Состојки:

  • 8 јајца
  • шунка
  • 1 пиперка
  • 1 главица кромид
  • готвен зеленчук

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени, и во калапите за мафини наредете хартиени корпички.

     

  2. Во сад добро разматете 8 јајца. Во разматените јајца додајте околу 60 гр шунка исечкана на коцки, една исечкана пиперка и ситно сечкан кромид. Можете да додадете и зготвен зеленчук. Посолете и побиберете по вкус, потоа додајте и две лажици вода. Сè добро измешајте.

     

  3. Смесата ставајте ја во хартиените корпички. Калапот со мафини ставете го во загреана рерна и печете од 18-20 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text