Направете вкусен ручек со шницли и павлака.
Состојки:
- 7 шницли свинско месо
- 250 мл. павлака
- 1 рака маслинки
- 1 шолја кашкавал
- 1 праз
- 1 лимон (сок)
- маслиново масло, сол, бибер и црвен пипер
Подготовка:
- Се ставаат шницлите на даска и со чекан се обработуваат.
- Се става сол, бибер и црвен пипер над нив.
- Се пржат на тава со масло од сите страни и се ставаат потоа во тава со сечен праз, сок од лимон и сечени маслинки, како и павлака.
- Се става малку маслиново масло и се меша.
- Се пече на 200 степени додека не е готово, а пред крај се ренда кашкавал.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки