Деликатесна салата со боранија

Деликатесна салата со боранија

Вкусна салата која е деликатес.

Состојки:

  • 600 гр. боранија
  • 100 гр. пилешко месо
  • 200 гр. моцарела
  • 2-3 лажици пченка
  • 10 шери домати
  • 1 лажица мајонез
  • 2 лажици кисела павлака

Подготовка:

  1. Боранијата ситно се сече и вари во солена вода, па се цеди и се става во сад заедно со пченката и месото кои заедно ги вариме кратко, па цедиме.
  2. Се сече моцарелата и се додава, па се ставаат зачини и шери домати сечени на мали коцки, па мајонез и павлака и се соединува убаво се.
  3. Нека се олади 15 минути па послужете.

 

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука