Деликатесни тестенини: Макарони со туна

Деликатесни тестенини: Макарони со туна

Направете вкусен ручек, макарони со туна.

Состојки:

  • 250 гр. макарони
  • 3 конзерви туна
  • 100 мл. инстант пире од печурки
  • 100 мл. павлака за готвење
  • 4 лажици кисела павлака
  • 150 гр. рендан кашкавал
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • магдонос, сол, бибер, босилек
  • маслиново масло

Подготовка:

  1. Се варат макароните во солена вода.
  2. Во посебна чинија се мешаат туна со 50 мл. павлака за готвење, инстант супата, кашкавал 50 грама, кисела павлака, лук и кромид ситно сечени и зачини.
  3. Се додаваат во макароните исцедени.
  4. Се реди се во огноотпорен сад и се става горе останатата павлака со кашкавал рендан.
  5. Се пече 25 минути на 200 степени.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука